Денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 гостува Цеце Николова, која раскажа како изгледа животот со Алопеција.
Се работи за автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни влијанија како што се вирусите и бактериите, ги напаѓа фоликулите, а истото доведува до опаѓање на косата на главата и сите други места.
Николова вели дека откако знае за себе се бори со оваа болест, но не и било сеедно кога била мала.
„Јас дури минатата година официјално се прифатив себеси… Зборувам прво за себе затоа што се уште носам перика, се уште не сум подготвена до тој степен да бидам постојано без перика, меѓутоа кога бев дете многу ми беше тешко. Секој нов што ќе дознаеше дека јас носам перика, некако едвај го „варев“ вака со себе“, вели таа.
Цеце вели дека тоа некако страшно го доживувала, но подоцна сфатила дека сите околу неа знаат дека носи перика, но никој не и го кажува тоа.
Во продолжение цела изјава: