Европската унија „остро го осуди“ повикот на долниот дом на рускиот парламент до рускиот претседател Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички територии во источна Украина, изјави комесарот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел. Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, во вторникот го усвои барањето до рускиот претседател Владимир Путин да ги признае самопрогласените републики Луганск и Доњецк во источна Украина.

„Таквото признавање би било јасно прекршување на договорот од Минск, потпишан со посредство на Франција и Германија, кој предвидува враќање на тие територии под контрола на Киев“, напиша Борел во пораката на Твитер.

Прикажи повеќе