Електронскиот и електричниот отпад од 2021 година ќе тежи повеќе од 57 милиони тони. Ова е проценка на експерти, кои открија дека овој отпад тежи повеќе од Кинескиот ѕид, кој е најтешкиот вештачки објект. Вредноста на овие фрлени материјали е огромна. Според извештајот од Светскиот економски форум од 2019 година, материјалната вредност на електронскиот отпад во светот достигнува бројка од 62,5 милијарди долари, многу повеќе од Бруто домашниот производ на значителен број земји. Еден тон фрлени мобилни телефони има повеќе злато отколку еден тон златна руда, вели еден од експертите. Во овој отпад се опфатени мобилни телефони, фрижидери, телевизори, играчки и електрична спортска опрема.
Прикажи повеќе