Најмалку три згради се евакуирани откако околу 8:30 часот по локално време избувнала експлозија во областа Бејоглу во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Експлозијата се случила под земја, поради што во воздух излетал капакот на една шахта, сведочат тамошните жители.

Наводно дошло до спој на кабли, а веднаш по експлозијата ширум улицата се ширел густ чад, поради што пожарникарите итно ги евакуирале станарите.

Како мерка за претпазливост исклучена е и струјата во целиот кварт.

„Уште синоќа забележавме дека нешто чади, а потоа утринава одекна експлозија. Потоа забележавме густ чад и во нашите станови. Кај нас навлезе во тоалетот и кујкната“, изјавил за турските медиуми Мустафа Ајас, еден од станарите кој бил евакуиран.

Прикажи повеќе