Експерт за човекови права на ОН: Русија е одговорна за смртта на Навални

Експерт за човекови права на ОН денеска со својата изјава ги подгреа, според многумина основаните сомневања дека Москва е одговорна за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, тврдејќи дека тој или бил убиен во затвор или умрел како резултат на лошите услови во затворот што може да се споредат со тортура.

„Затоа, руската влада е одговорна за неговата смрт, на кој било начин“, изјави експертот Мариана Кацарова на маргините на настанот во седиштето на ОН во Женева посветен на руските политички затвореници.

Кацарова, како што пренесува МИА, исто така предупреди дека и други затвореници во Русија би можеле да ја доживеат истата судбина како Навални, истакнувајќи дека е „многу загрижена“ за опозицискиот лидер Владимир Кара-Мурза.

Алексеј Навални, челичниот руски адвокат кој разоткриваше корупција, лични интереси и злоупотреба на моќта од страна на рускиот претседател Владимир Путин и неговите другарчиња, беше предизвик за Путин повеќе од една деценија, наспроти постојаниот притисок од властите и речиси фаталното труење, почина на 16 февруари во руската казнена колонија веднаш над Арктичкиот круг , како што пренесе ЦИВИЛ МЕДИА. Тој имаше 47 години. Неговата смрт во Карп, во автономниот регион Јамал-Нанец, беше објавена од руската затворска служба. Затворските власти во соопштение изјавија дека Навални „се чувствувал лошо“ по прошетката, „речиси веднаш изгубил свест“ и додадоа дека медицинскиот тим не успеал да го реанимира.

Повеќе од 40 земји побараа меѓународна истрага за смртта на Навални. Русија мора да дозволи „независна и транспарентна меѓународна истрага за неговата ненадејна смрт“, рече денеска амбасадорката на ЕУ, Лоте Кундсен пред Советот за човекови права на ОН, во име на 43 земји.

Претставници на ЦИВИЛ по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Алексеј Навални, пред руската амбасада во Скопје се обратија до руските граѓани со протестно писмо

Дел од активистите на ЦИВИЛ, додека го читаа писмото насловено како „Отворено писмо до граѓанките и граѓаните на Руската Федерација“, носеа маички со ликот на Навални и слоганот Je suis Navalny, .

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

ЦИВИЛ вчера со протест пред руската амбасада, повеќе европски земји ги повикаа руските дипломати на консултации поради смртта на Навални

Смртта на Алексеј Навални