Најмалку едно лице загинало, а три други биле повредени во пукотница во продавница во Биверкрик, во американската сојузна држава Охајо.
Очевидци изјавија дека маж отворил оган со автоматска пушка.
Тројцата повредени биле пренесени во блиската болница.
Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за безбедноста.
Биверкрик е град со околу 46 000 жители сместен источно од Дејтон.
Претходниот месец во куглана и бар во градот Луситон, во државата Мејн се случи масовно пукање, во кое беа убиени најмалку 18 лица, а 13 беа повредени.