Епидемиологот Драган Даниловски, во интервју за НОВАТВ, смирува дека дека варијантата омикрон ќе биде последната која ќе не вознемирува.

Добра вест е што е согледано дека третата доза на вакцина кај непрележаните, потоа, една доза кај прележаните, како и двојната прележаност, го оспособуваат имунитетот да умее да се справи со било која варијанта што би се појавила – значи и со актуелниов омикрон. Тоа може да биде основната причина заради којашто експлозивно ширење не би требало да се очекува – имајќи ја предвид моментната состојба со опфатот со вакцините и – уште поважно – високата стапка на прележаност, вели проф.д-р Драган Даниловски во интервјуто за НОВАТВ.

Тој смета дека веќе од догодина би требало да очекуваме тој да се однесува „спитомено“. Тука ќе биде, покрај нас, но само како еден од многуте сезонски, респираторни вируси, како што е сезонскиот грип и обичните настинки.

Зошто? Зашто, кога и на прележаните и на вакцинираните ќе им опадне имунитетот, сигурно повторно ќе се заразат неколку месеци подоцна. Или ќе се вакцинираат (ризичните групи). Потоа, можно е да се појави нова варијанта, која (дури) може да биде позаразна и да биде во состојба да предизвика помали епидемии… Ама, базичниот имунитет кај сите ќе се зголемува. И дефинитивно, веќе нема да има шанси за пандемија, вели проф.д-р Даниловски во интервјуто.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.