Тренерот на ОК Работнички, Душко Деспотовски во кратка изјава за ТВ Алсат изјави дека трофеи може да се освојуваат и само со домашни играчи, без странски засилувања, но со добра организација, добри услови за работа, максимална посветеност и залагање на сите поединци во екипата и стручниот штаб. Деспотовски им се заблагодари и на публиката за поддршката и феноменалната атмосфера на сите натпревари.

Advertisements

“Презадоволен сум што ова сезона заврши со двојна круна за нашата екипа, можам слободно да кажам сосема заслужено, бидејќи во текот на целата сезона бевме константни и убедливи на врвот на табелата и доколку ги сумираме сите резултати вклучувајќи ги и натпреварите од Купот, сезоната ја завршуваме со 29 победи и само 3 порази. Покажавме дека трофеи може да се освојуваат и само со домашни играчи, без странски засилувања, но со добра организација, добри услови за работа, квалитетен тренажен процес, максимална посветеност и залагање на сите поединци во екипата и стручниот штаб како и беспрекорно функционирање на сите нивоа на клубот. Честитки до моите играчи, стручниот штаб и управата за 15-та шампионска титула во историјата на клубот и огромна благодарност до нашата публика, за поддршката и феноменалната атмосфера на сите натпревари“, изјави ексклузивно за ТВ Алсат, тренерот на ОК Работнички, Душко Деспотовски. /Алсат.тв

Прикажи повеќе