Русија и Украина ќе разговараат за прекин на огнот на вториот круг од разговорите кои треба да се случат денеска, додека руските воени сили продолжуваат да го бомбардираат Харков и држат под опсада две украински пристаништа. Втората рунда разговори со цел да се стави крај на борбите треба да се одржи во западниот белоруски регион Брест, но мали се очекувањата дека најде заеднички јазик меѓу двете страни.
Украинскиот претседател Зеленски за Ројтерс и Си-Ен-Ен изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат значајни разговори за прекин на огнот. Одржувањето на уште една рунда разговори доаѓа откако изолацијата на Москва се продлабочи кога повеќето земји во светот се „построија“ против неа и побараа да се повлече од Украина, а обвинителот на Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за воени злосторства.