Две лица загинаа при уривање на градежни конструкции за време на реконструкција на училиште во Москва. Спасувачките екипи интензивно трагаат по исчезнатите, а на терен се присутни и службите за итна помош и полицијата. Едно лице е спасено живо.
„Четири ката од зградата се срушија, а се стравува дека под урнатините има уште минимум шест лица,“ изјавија од руската полиција.
Овој настан доаѓа само неколку дена откако руските власти отворија истрага поради уривање на плафон во училиште во Владивосток, каде повредено беше 12-годишно девојче.
Истражните органи продолжуваат со работа за да ги утврдат причините за несреќата и дали има пропусти во безбедносните мерки.
Текстот Две лица загинаа при уривање на училиште во Москва е превземен од МАКФАКС.