Дресот на Дирк Новицки ќе биде повлечен на домашниот дуел на Далас Маверикс против Голден Стејт Вориорс на почетокот на следната година.

Тоа ќе биде уште еден голем гест на франшизата на Тексас кон својата легенда. Германскиот интернационалец ги одигра сите сезони во НБА лигата во дресот на Далас. Тоа е апсолутен рекорд меѓу кошаркарите кои останале верни на една екипа.

Новицки ги предводеше Маверикси до нивниот единствен шампионски прстен во 2011 година, освојувајќи ја МВП наградата во финалето.

14-кратниот „Ол-стар“ играч се пензионираше по сезоната 2018-19, напуштајќи ја лигата како еден од најдобрите меѓународни играчи на сите времиња