Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби нова медицинска опрема, која се презентира денеска. Станува збор за апарат – систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот.
Апаратот, како што беше појаснето на настанот, е во вредност од 12 милиони денари.
– Новиот апарат е како џи-пи-ес, со него можеме попрецизно да оперираме патолошки процеси и тумори на нос и синуси кои се граничат со витални структури како на пример мозок, очи, како и значајно да бидат намалени можните компликации. Со овој апарат веќе нема да има потреба пациенти да се испраќаат во странство за лекување, како што било досега во одредени случаи, подвлече за МИА доктор Ана Тримоска – Радевска.
На презентацијата на новата медицинска опрема, присутен е и министерот за здравство Фатмир Меџити.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.