Германската министерка за внатрешни работи најави рации во седум региони на земјата против исламистичка организација за која се сомнева дека е поврзана со либанската шиитска група Хезболах.
„Во време кога многу Евреи се чувствуваат особено загрозени, Германија нема да толерира ниту исламистичка пропаганда, ниту антисемитско поттикнување непријателство кон Израел“, рече Ненси Фезер, додавајќи дека полициските рации биле насочени кон Исламистичкиот центар во Хамбург (ИЗХ) и пет поврзани групи, пренесува АФП.
#BREAKING Giant police operation in Germany against pro-Hezbollah group: official pic.twitter.com/yNhTXXJMDF
— AFP News Agency (@AFP) November 16, 2023