Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од настапот на неговиот тим во победата против Фулам, а за британските медиуми го коментираше новиот рекорд на Ерлинг Холанд.
Со овој триумф Сити го престигна Арсенал на врвот на табелата, тимот на Гвардиола има бод повеќе и натпревар помалку од Арсенал. Со гол на неделниот натпревар во Лондон, Халанд стигна до бројката 50 кога се во прашање головите во сезоната во сите натпреварувања. Ерлинг Браут Холанд стана првиот играч на англиски прволигаш од 1931 година, кој постигнал најмалку 50 гола во една сезона. Повеќе од 80 години претходно, 50 гола за Астон Вила постигна Том „Понго“ Варинг.
„Тоа беше пред Винстон Черчил да стане премиер? Леле! Звучи како многу одамна. Му честитам на Ерлинг, неговите голови ни овозможуваат да го постигнеме она што го сакаме“, изјави Гвардиола по натпреварот.
Сити во среда во следното коло го пречекува Вест Хем./Makfax/