Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 му гостува ППД Загреб во рамките на десеттото коло од Лигата на шампионите.
Веселин Вујовиќ го најави натпреварот и изјави дека бодовите се идентично важни за двата тима.
„Нè очекува екипата на ППД Загреб, која е комбинација на млади и искусни играчи. И двете екипи доаѓаат по добри настапи против Монпеље, односно Кил. Ова е меч кој и ние и тие мора да го победиме.О д резултатот на овој натпревар зависи нашиот и нивниот пласман во следната фаза. Вардар игра добро, а пред нас доаѓаат дуели против ППД Загреб, Елверум и Мешко Брест Се надеваме на позитивни резултати и остварување на целта, а тоа е место во нокаут фазата“, рече Црногорецот.