Во Турција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои над 64 милиони гласачи ќе можат да го изберат шефот на државата.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време (7 по средноевропско), а ќе се гласа до 17 часот (16 ч. по средноевропско време).
Трката се одвива меѓу Реџеп Таип Ердоган, актуелниот шеф на државата и кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу.
Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција.
Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите. Тој водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите.