Инженерите на американската компанија „Радиа“ ги открија плановите за создавање на најголемиот воздухоплов во светот. Димензиите на авионот ја надминуваат големината на фудбалско игралиште, а за полетување ќе му треба писта долга 2 километри.
Леталото ќе има должина од 108,5 метри, висина од 24 метри и распон на крилата од речиси 80 метри. Со потенцијална носивост од 80 тони, ќе може да носи дванаесет пати поголема тежина од Боинг 747.
„Радиа“ со години го чуваше во тајност проектот за авионот „ВиндРанер“. Компанијата тврди дека може да го изгради авионот за четири години.
Како една од примените на авионот „ВиндРанер“ е тоа што би можел да направи револуција во обновливата енергија со транспортирање на огромни лопатки од турбини на ветер од една до друга точка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.