Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе престојува во Берлин на разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц. „По инаугурацијата, претседателот на Франција ќе ја направи својата прва посета на Берлин, што ја нагласува силата на француско-германските односи“, информираат од администрацијата на Макрон, додавајќи дека претседателот и канцеларот ќе разговараат за ситуацијата во Украина, „предизвиците на европскиот суверенитет“, европската безбедност и енергетските прашања.

Advertisements

Европската унија денеска го одбележува Денот на Европа и ги слави мирот и единството во Европа. Датумот ја означува годишнината од историската „Шуманова декларација“ со која беше поставена неговата идеја за нова форма на политичка соработка во Европа, која би ја направила војната меѓу европските народи незамислива. Предлогот на Шуман се смета за почеток на она што сега е Европската унија.

Прикажи повеќе