Тиркизната боја е најтешко да се добие, а доколку сте ги пробале сите начини за бојадисување јајца во оваа нијанса, но не сте успеале, време е да го испробате овој сосема природен начин на фарбање.

Велигденските јајца можете да ги обоите со виолетова зелка и да добиете уникатна боја:

Еве како:

За 12 варени јајца ви требаат:

  • Глава црвена зелка
  • 4 лажици алкохолен оцет

Подготовка:

Црвената зелка исечкајте ја. Во шерпата истурете 5 шолји вода и додадете ја сечканата зелка, па оставете ја да се крчка 30 до 45 минути.

Оставете ја зелката целосно да се излади, а потоа извадете ја од водата.

Додадете 4 лажици алкохолен оцет во водата во која се варела зелката и добивате боја за бојадисување на јајцата.

Јајцата се ставаат во длабока тава или тавче, важно е да се распоредат, а потоа се прелива добиената боја. Извадете ги јајцата од бојата по еден час ако сакате посветла боја, а ако сакате светла тиркизна, тогаш оставете ги да отстојат во боја 2 часа.

Јајцата треба да ги превртувате на другата страна на секои половина час за да биде изедначена бојата.

Напомена: Во почетокот ќе добиете виолетова, но не грижете се, магијата доаѓа дури подоцна, а кога ќе ги извадите јајцата од бојата, ќе се изненадите од прекрасната тиркизна боја.

Ако сакате, јајцата можете да ги врзете со ластик за тегли, за да добиете интересни шари.

Како изгледа целиот процес погледнете во видеото: