Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 члена на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави МИА од Атина.

Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, а вклучени се бродови на грчката и италијанската крајбрежна служба, но и бродови и фрегата што се во близина, кои ги преземаат патниците.

Неофицијално, откако избил пожарот, капетанот побарал од патниците да го напуштат траектот, а засега нема информации за повредени.

Траектот „Еурофери Олимпиа“ плови под италијанско знаме и од Игуменица тргнал за Бриндези.

Прикажи повеќе