Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.
Иранската државна телевизија ИРНА на Х објави снимка на која се гледа како спасувачките екипи на иранската Црвена полумесечина (IRCS) и армиските ренџери носат тело покриено со ќебе на носилки, како и снимка на која се гледа како новинар од иранска државна агенција стои покрај урнатините.
The footage shows the transfer of the bodies of the martyrs by the Iranian Red Crescent Society (IRCS) and army rangers pic.twitter.com/oJtEiEc0U6
— IRNA News Agency (@IrnaEnglish) May 20, 2024
گزارشی از محل سانحه بالگرد حامل رئیس جمهور pic.twitter.com/uF2wk6yiaN
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) May 20, 2024
Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати.
Спасувачки екипи се упатиле кон областа, но екипите се бореле со планинскиот терен и слабата видливост, пренесува Вашингтон пост.
Смртта на некои од врвните лидери на земјата доаѓа во време на превирања во поширокиот регион, бидејќи со војната во Газа се зголемуваат тензиите.
Покрај Раиси, и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, загинаа – гувернерот на Источен Азербејџан Малек Рахмати, претставникот на иранскиот врховен лидер во Источен Азербејџан Мохамад Али Але-Хашем, шефот на претседателската гарда Мехди Мусави, пилотот на хеликоптерот, копилотот и екипажот.
ЦИВИЛ Медиа деск
Прочитајте и:
(ВИДЕО) Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до урнатиот хеликоптер со иранскиот претседател