Австралијците влегуваат во 2022 година, а во Сиднеј толку многу сакаат огномет што едниот го одржаа во 21 часот, а другиот, пограндиозниот, се очекува на полноќ.
Окленд во Нов Зеланд не го прослави влегувањето во 2022 година со огномет, туку со лесен спектакл и многу малку ракети испукани кон Мостот Харбор. Прославите се откажани поради построги мерки, а инаку живиот центар на Окленд е празен, пишува New Zealand Herald.
Анадир е најисточниот руски град кој прв влезе во 2022 година.