Националната конвенција на Демократите (Demcratic National Convention – DNC) почна во Чикаго, Илиноис, во 17:30 по локално време (12:30 по полноќ по средноевропско време).
ЦивилМедиа го следи и објавува вести од овој спектакуларен политички настан во САД во соработка со свои извори во САД.
На програмата на првиот ден од Конвенцијата е претседателот Џо Бајден, чиј настап е предвиден во 21 часот по локално време (кај нас во 4 наутро). Еден од првите говорници беше и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, кој на публиката ѝ се обрати со многу емоции која возврати со овации.
Како што претходно објави ЦивилМедиа, над 5.000 демократски делегати, партиски функционери и гости се очекуваат да присуствуваат на националната Конвенција за поддршка и за номинација на Камала Харис за идна претседателка на САД. Се очекуваат околу 50.000 посетители, а во организацијата учестуваат и над 12.000 волонтери.
Конвеницијата ќе се одржи на две главни локации. Официјалните настани, говори и телевизиски гостувања во Јунајтед центар, а во МекКормик Плејс ќе се одржуваат партиски состаноци, консултации и брифинзи. Конвенцијата ќе трае четири дена.
Б. Ј.
(дополнување во 01:35 ч.) Во 18:30 часот по локално време (Чикаго), а во 1:30 по полноќ по средноевропско време, делегатите на Конвенцијата со акламација ги потврдија номинациите за Камала Харис и Тим Волц за кандидати за претседателка и потпретседател на САД.