Разорни торнада го погодија централниот и јужниот дел на САД доцна во петокот и рано во саботата, а властите стравуваат дека повеќе од 80 луѓе загинале во големите бури, објави Си-Ен-Ен.

Само во Кентаки, според гувернерот Енди Бишир, се стравува дека загинале повеќе од 100 луѓе. Бишир рече дека тоа е „една од најтешките ноќи во историјата на Кентаки“ и прогласи вонредна состојба во земјата.

Повеќе од 30 торнада беснееја во најмалку шест американски држави, вклучувајќи ги Мисури, Тенеси и Мисисипи. Метеоролозите за Си-Ен-Ен изјавија дека 400-километарскиот потег од Арканзас до Кентаки можеби бил погоден од „најсилното торнадо во поновата историја“.

Американскиот претседател Џо Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Кентаки, по барање на гувернерот и го покрена прашањето за предупредувањата за торнадо.

– Дали имаше предупредување? И дали беше доволно силен, реагираше ли? Ова е трагедија. Сè уште не знаеме колку животи се загубени и вистинската големина на штетата – изјави Бајден.