„Супер пресметка“  меѓу Атлетико Мадрид и Ман. Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, заврши без победник (1-1)

Атлетико поведе по само седум минути преку Жоао Феликс кој погоди со глава по асистенција на Лоди (7 ′). Понатаму, двата тима имаа неколку бројни акции, но никако не успеаја да ја испратат топката во мрежата.

И во второто полувреме двете големи екипи покажаа одличен фудбал во кој недостигаше само головите.

Во меѓувреме, херој за Манчестер Јунајтед беше Ентони Еланга кој погоди по асистенција на Бруно Фернандеш (80′). Двете екипи се уште се во игра и нивната судбината ќе биде запечатена на Олд Трафорд.

Прикажи повеќе