Победникот на изборите во Бугарија, коалицијата на левиот центар „Промените продолжуваат“, ќе преговара за влада со БСП, ИТН и ДБ, изјави Асен Василев за БТВ. Според Василев, нивната идеја е да формираат работни групи со БСП, ДБ, ИТН, во секој од секторите каде што се потребни реформи – енергетика, здравство, образование – а во нивна улога би се приклучиле и министрите од преодната влада на Бугарија. Василев објасни дека идејата е да се разговара за главните проблеми во земјата, начините за нивно решавање и на крајот да се донесе план за следните четири години.

Advertisements

Прикажи повеќе