Стогодишен Бразилец влезе во Гинисова книга на рекорди како човек со најдолг работен стаж во едно претпријатие на светот. Валтер Ортман од јужниот бразилски град Бруске поминал 84 години во текстилна компанија која денес се вика „РеноВју“ и своето исклучително постигнување го објаснува на едноставен начин.
Advertisements
„Во животот мора да го работите она што го сакате. Исто така, треба да сакате да работите. Јас почнав да работам со таква волја и борбен дух. Не можете да работите што било и да кажете дека работите. Тоа нема да го издржите“, вели Ортман.
Според локалните медиуми, Ортман почнал да работи во производствениот дел, по што се префрлил во администрација, за потоа да стане менаџер за продажба. За да остане во форма, тој секојдневно прави вежби и внимава на исхраната.
„Избегнувам сол, шеќер и газирани сокови. Консумирам само работи кои се добри за мене и помагаат моето тело да остане силно“, порача Ортман.