Отворен Балкан е враќање на југословенската доктрина и конфликтите од минатото
Идејата Отворен Балкан меѓу Србија, Албанија и Македонија нема да донесе просперитетен и мирен живот и нема да не доближи до Европската унија, туку ќе не остави на балканската кал и ќе продолжиме да се убиваме меѓусебно, вели Петар Богојески, лидер на Македонски концепт во интервју за порталот zoom.mk. Богојески смета дека идејата во Северна Македонија е прифатена некритички поради омразата кон Бугарија, но и поради будењето на старата романтика кон Титова Југославија.

„Ние пулсираме како опшество во југословенската доктрина. Ние така продолживме да живееме триесет година по падот на Титова Југославија. Не можеме да се ослободиме од нашата идеолошка дкторина, југословенството. Ние не сакаме да разбереме зошто не тргнуваме напред кон ЕУ, а тоа е старата доктрина. Знаејќи го тоа, власта го претстави проектот како Нова Југославија, како враќање кон Југославија и тука на нашите граѓани им побуди , посебно на онаа повозрасната генерација, романтика кон некои времиња од младоста и со тоа предизвика еден масовен бран на согласност на една погубна идеја како што е Отворен Балкан“, вели Богојески во интервјуто.

Тој тврди дека Глигоров одбил да ја напушти југословенската доктрина, а тоа не го прават ни СДСМ како наследници на Сојузот на комунистите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, која е контролирана од старите комунистички структури.

„Ние со таа доктрина, не направивме ништо да создадеме современа македонска автентична доктрина, на која ќе почива нашата државност. Ние одамна ќе го имавме решено проблемот со Грвија, веројатно 15 години ќе бевме членка на ЕУ пред Бугарија“, додава Богојески.

Во интервјуто Богојески зборува и за причините зошто е притив Отворен Балкан и зошто таа идеја е спротивна на членството во ЕУ.