Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен многу потешко од очекувањата дојде до трите бода на вечерашната пресметка против Арминија Билефелд во првата лига на Германија.

Актуелниот првак важеше за огромен фаворит за трите бода, но до истите дојде дури во второто полувреме и тоа со голот на Лерој Сане. Сане испрати мајсторски, неодбранлив удар во 71 минута за конечни 1-0.

Со ова „баварците“ се вратија на врвот на табелата на кој неколку часа беше составот на Борусија Дортмунд. Баерн има 31 или поточно еден повеќе од „милионерите“ од „Сигнал Идуна Парк“.