Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе се сретне со Украина во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година и втор натпревар во својата група по воведниот пораз од фаворитот Шпанија.

Неуспех остварија и Украинците, но селекторот Аинарс Багатскис вели дека неговиот тим нема време да жали за случувањата на првиот натпревар против Грузија.

„Немаме време да жалиме за поразот од Грузија. Нè очекува нов тежок меч против Македонија. Се надеваме дека моите кошаркари нема долго време да ги држат главите наведнати. Мора да се вратиме во колосек и да мислиме на опасностите кои ги носи македонската репрезентација. Тоа е шанса да се поправиме за почетниот пораз во квалификациите“, рече литванскиот стручњак.

Против украинската репрезентацијата сме одиграле четири меча. Традицијата е на наша страна, со оглед на тоа што победивме на три и загубивме на еден судир.

Натпреварот во Киев се игра во понеделник и ќе започне во терминот од 18:00 часот.