Астероид со дијаметар од еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата по полноќ по локално филипинско време, објави Европската вселенска агенција во соопштението на платформата X. Ова треба да се случи токму во четврток во 1:08 часот по локално време (19:08 часот вечерва по наше време).

Споменатиот астероид е откриен дури утрово од опсерваторијата Catalina Sky Survey во Аризона, која е специјализирана за откривање комети и астероиди. Интересно е и тоа што ова е само деветтиот астероид кој човештвото досега успеало да го открие пред да удри во атмосферата на Земјата.

Прикажи повеќе