Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев заминува од Арсенал по девет години. Македонскиот голман не доби вистинска шанса меѓу „топџиите“ и ќе ја продолжи кариерата надвор од лондонскиот клуб.

26-годишникот голман замина од Беласица во 2012 година. Неговата форма беше задоволувачка во младинските категории на англискиот гигант, што му донесе нов тригодишен договор во 2015 година.

По неколку позајмици, Арсенал на крај одлучи да не му ја продолжи соработката. Последна екипа на Илиев беше Серед од Словачка.

Засега не е познато кои се понудите и опциите на талентираниот македонски чувар на мрежата.