Во огромен пожар, кој во текот на ноќта зафатил зграда од 13 ката на југот на Тајван, загинале најмалку 22 лица, додека 51 лице е повредено.

Пожарот избил три часа по полноќ. Тој во меѓувреме бил изгасен, но повеќе катови во зградата биле уништени, соопштиле службениците на пожарните служби од градот Каосиунг.

И натаму не е познато што точно е причината за пожарот, а наводно сведоците забележале дека огнот најсилно горел каде што имало насобрано најмногу работи, како и дека првобитно се слушнала силна експлозија.

Зградата е стара околу 40 години, а во долните делови има продавници, додека над нив има станови, стои во официјалното соопштение.