Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го сподели своето мислење за промените во тимовите пред натпреварот од 10. коло на шпанскиот шампионат со Барселона.

– Двата тима се менуваат, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, само се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Винисиус, но знаеме дека Класикото секогаш ќе биде многу голем натпревар.

Ги имам истите чувства како во моментите кога на теренот беа Кристијано и Меси. Ова е многу посебен натпревар. Сега тимовите имаат различни играчи, но мислам дека помладата генерација во Барселона е извонредна.

Класико ќе постои и без Меси, Кристијано и Рамос, изјави Анчелоти за „Марка“.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид ќе се одигра денес со почеток во 16:15 часот.