Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска.

Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, во споредба со 32 отсто кои сметаат дека е исправна.

Повеќе од половина или 55 отсто би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои би одговориле дека би биле за останување надвор од Унијата. Пред малку повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто би биле против.

Прикажи повеќе