По истекот на позајмицата, Mауро Икарди се враќа назад во ПСЖ, а тимот на Ал Шабаб веќе почна преговори за да го убеди Икарди на преселба во Саудиска Арабија. Финансискиот аспект од понудата е фантастичен, аргентинецот би потпишал четиригодишен договор за вкупно 80 милиони евра, плус дополнителни 20 милиони евра како отштета за ПСЖ, експресно да даде зелено светло за реализација на овој трансфер.
Само што во понудата има еден услов – заедно со Икарди да не дојде и неговата сопруга Ванда Нара. Саудијците вообичаено им нудат максимална комоција на семејствата на фудбалските суперѕвезди, но тоа не е случај и со Ванда, која е позната по животните навики со кои не би се вклопила во животот на жените во оваа држава.
Икарди и Нара беа разделени неколку месеци, од неодамна тие повторно се заедно, па останува да се види дали ќе бидат подготвени на таква жртва, голгетерот да потпише четиригодишен договор и долго време да биде одвоен од сопругата од децата, кои би можел да ги гледа во Европа и во Аргентина, но не и во Саудиска Арабија.