Денеска Александар Шаленберг положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија.

Advertisements

Шаленберг го смени Себастијан Курц како канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи актуелниот шеф на дипломатијата за нов канцелар.

Новиот канцелар влезе во владата како непартиски член, иако до вчера важеше за близок со канцеларот Курц.

На местото на Шаленберг ќе дојде Мајкл Линхарт, кој, како и неговиот претходник, е дипломат од кариера.

Линхарт е роден во Анкара, а од август 2018 година, тој беше амбасадор на Австрија во Франција.

Прикажи повеќе