Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во последната објава на Фејсбук ги сподели последните истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со постковид периодот.
Еве и научна студија зошто одржувањето на микрофлората во Вашите црева е круцијална во постковид периодот.
Хроничен замор, опаѓање на коса итн се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора.
Микрофлората најлесно се нарушува од неконтролирана употеба на антиботици!
Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Никола Пановски и Драган Даниловски, во апелите за рационална употреба на антибиотиците кај Ковид болните, напиша Беќаровски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.