Персоналот на аеродромот во Франкфурт стапи во штрајк, поради што во пресрет на божиќните празници се откажани околу 40 летови.
Барањата на синдикатот се работната недела да се скрати за два и пол часа, со целосен надоместок на платата, како и стабилно зголемување на платите за најмалку 90 евра од следната година, објавија германските медиуми.
A strike by ground staff has prompted flight cancellations in Germany’s largest airport, Frankfurt https://t.co/epSfxjs9Xr
— dpa news agency (@dpa_intl) December 22, 2021
Синдикатот побара и бонус од 1.500 евра поради Ковид, но тоа барање беше одбиено.
Штрајкот дојде во време на нерешен колективен спор за условите за работа на 600 вработени на аеродромот.
Луфтханза беше принудена да го затвори својот првокласен терминал во средата поради штрајк.