Модните критичари не успеаја да најдат ниту една мана во овој стајлинг
Џорџина Родригез е некоја која многу често се наоѓала на листата на најлошо обучени жени. По низата модни неуспеси, таа конечно успеа да ги воодушеви модните критичари и да добие чиста листа за стил.
Ова е нејзино прво појавување по породувањето и трагедијата што ја снашла кога изгубила едно дете при породување.
Папараците ја „уловиле“ пред хотел во Кан, а сопругата на Роналд била облечена во кожен комбинезон, црни салонки, додека комбинацијата ја „скршила“ со чанта Биркин вредна вистинско мало богатство. Нивната цена варира помеѓу 9.000 и половина милион долари.
Со оглед на тоа дека овој модел по кој прошета Џорџина е многу впечатлив, веруваме дека издвоила многу повеќе пари од 9.000 долари.
„Изгледа го смени стилистот“, „Па ова е одличен стајлинг“, „Вака се облекува урбана млада девојка. Одлично!“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.