Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди САГ во Лос Анџелес. Актерите се прошетаа на црвениот тепих во гламурозни креации на познати дизајнери, а вечерта ја одбележаа и добитниците на престижни награди.
Деми Мур ја доби наградата за најдобра главна женска улога, додека Зои Салдања ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
На црвениот тепих блеснаа и бројни познати дами, меѓу кои Аријана Гранде, Мајли Медисон и Селена Гомез.
Особено внимание привлече Памела Андерсон, која уште еднаш остана доследна на својот природен изглед и се појави без шминка во елегантен бел фустан. На церемонијата се појавија и ѕвездите од хит серијата Бриџертон.
Текстот (Фото) Која позната дама доминираше на САГ наградите е превземен од МАКФАКС.