Нема ограничување на различните цени за ПЦР тестирање ниту по најавите за нови мерки со кои се предлага вработените кои се невакцинирани на работа да можат да се појават само со негативен ПЦР тест. Министерот за здравство Венко Филипче не размислува за ограничување на цената или пак за воведување единствена цена за ПЦР тестирање во земјава. Од неговиот
кабинет на прашањето дали поради новите мерки размислуваат воведување единствена цена на тестирањето или
ограничување на цената, нема конкретен одговор, пишува А1он.мк.
Во Законот за здравствена заштита е регулирана цената за лицата кои здравствените услуги за детекција на заразна болест (со PCR метода или со примена на друга метода одобрена од Министерството за здравство), ги плаќаат со лични средства“, одговорија од Министерството на прашањето од „А1он“.
Од Министерството не одговорија зошто пропаднаа сите досегашни обиди за ограничување на цената на ПЦР тестирање, на кои доброволно се нафатија дел од приватните клиники, но конечен договор не се постигна.
Се постигна само пониска цена на тестовите во јавните здравствени установи откако пациенти покажаа фактура која Фондот за здравство ја исплаќа на државните лаборатории за тестирањето кое е бесплатно за осигурениците. Пациентите пријавија дека Фондот им исплаќа на јавните здравствени институции три до четирипати повисока цена за тестирање отколку онаа што граѓаните ја плаќаа во приватните лаборатории. Во приватните лаборатории имаше тестови и за 1200 денари, а Фондот им префрлаше на јавните институции по 4950 денари за еден тест. По реакциите на јавноста, лани во септември Фондот за здравство ги намали цените за повеќе од 50 отсто и за еден тест почна да префрла по 1850 денари.
Во приближно исто време кога Фондот кај нас ја намали цената на тестовите на 1850 денари, грчката Влада ја ограничи
цената на ПЦР тестовите во земјата на 40 евра, оти пациентите плаќале од 70 до 90 евра за едно тестирање.
Дел од приватните лаборатории ја намалија цената на ПЦР тестирањето од почетокот на пандемијата, но разликите
во цените во различни лаборатории за истиот тест за Ковид – 19 се големи. За тестирање во приватните лаборатории
сега се плаќа од 1.600 денари до 2.900 денари.
Најавите дека невакцинираните вработени за да одат на работа ќе биде задолжително да имаат негативен тест, а
посебно договорот со Синдикатите за тестот да плаќа работодавачот, ги разлутија сите, освен Министерството за Синдикалните претставници револтирани што Министерството најавува уште една давачка на грбот на работниците, на средба со министерот
Венко Филипче издејствуваа за тестовите да плаќа работодавачот и мерката како таква да биде предложена на Владата.
Ваква мерка, пак, беше изненадување за работодавачите кои се пожалија дека воопшто не биле консултирани и со
допис ја известија Владата дека нема да ја прифатат.
И за Сојузот на стопански комори, од каде иницијално побарале новите мерки да важат не само за јавните институции
туку и за приватните компании, се против предлогот работодавачот да плаќа за тестирањето оти тоа ќе ги зголеми
трошоците на компаниите и ќе допринесе за нивно затворање.
За мерката работодавачот да плаќа за тестирањето на работниците, како и за задолжителната вакцина за здравствените работници Владата требаше да расправа на седница во вторникот, но расправата беше одложена
поради автобуската несреќа во Бугарија. Предложените мерки ќе се разгледуваат на следната седница
Извор: А1он.мк
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.