Не е сигурно дека Унгарија треба да ја одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави доцна синоќа претседателот на унгарскиот парламент за локалната телевизија Хир ТВ, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот.
„Не ни треба сојузник кој така размислува за нас. Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, рече Ласло Ковер.
Тој мислеше на краткиот шведски едукативен филм за студенти кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.
Процесот на ратификација на договорот за влез на Унгарија во Алијансата закочен во парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократското назадување на Унгарија.
Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни.