Унгарскиот бригаден генерал Ференц Кајари денеска ќе ја преземе командата на меѓународната воена мисија на Косово во Приштина, што ќе биде првпат по повеќе од две децении, земја во регионот да ја преземе таа функција во КФОР. Кајари ќе го замени својот италијански колега Франко Федеричи, чиј мандат истекува. Унгарскиот генерал ќе биде 26-ти по ред командант на КФОР.

Advertisements

Од 2000 година, командантите на таа мисија беа претежно од Италија – дури 12 пати. Првиот човек на КФОР беше избран трипати од Франција, седум пати од Германија и еднаш од Британија, Норвешка и Шпанија. Кајари важи за искусен разузнавач со долгогодишно искуство во мировни операции и ќе биде на чело на меѓународните воени сили на Косово до ноември 2022 година. На почетокот на годината, кога беше објавено дека Кајари ќе го преземе КФОР, унгарскиот генерал ја опиша безбедносната ситуација во Косово како „мирна, но кревка“ и оцени дека таа област сѐ уште се соочува со предизвици.

Прикажи повеќе