Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок, претседател на Уставниот суд, за нов претседател на државата. Тој ќе врши претежно церемонијална улога и ќе ја наследи Каталин Новак, која неочекувано поднесе оставка на почетокот на овој месец.
Се очекува Суљок да ја преземе функцијата на 5 март.
Унгарскиот парламент денеска едногласно ја прифати оставката на претседателката Каталин Новак. Пратениците одлуката ја донесоа со 196 гласа.
Новак ја поднесе оставката до Парламентот на 11 февруари, а според Законот за правен статус на претседателот на Републиката, мандатот на шефот на државата завршува на денот кога Собранието ќе се изјасни дека ја прифаќа оставката.