Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.

„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.

Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.

Текстот Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка е превземен од МАКФАКС.