Израелските одбранбени сили го уапсија директорот на најголемата болница во Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас.
Тој бил приведен заедно со членовите на медицинскиот персонал во Ал-Шифа, изјави портпаролот на Министерството.
Оваа најголема болница во Газа од минатата недела е во фокусот на копнената операција на Израел во северниот дел на Газа.
Израелската војска тврди дека Хамас користи комплекс тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, наводи што екстремистичката група Хамас ги негираше.