Иан Армитаџ и Обри Андерсон-Емонс се најбогатите детски ѕвезди на денешницата.
16-годишниот Иан се прослави со улогата на Шелдон Купер во серијата „Младиот Шелдон“, спин-оф на мегапопуларната „Теоријата за Биг Бенг“. Таа улога ја добил кога имал само девет години.
Серијата беше режирана од Чак Лор и Стивен Моларо, а се емитува од 25 септември 2017 година. Во текот на шесте сезони на серијата, Армитаџ стана богат.
„Селебрити нет ворт“ известува дека Армитаџ заработувал 30.000 долари (околу 28.000 евра) по епизода во првата сезона, а неговата плата малку се зголемувала како што напредувала серијата.
Неговото богатство е околу шест милиони долари, што го прави најплатениот детски актер во светот.
„Глумам седум години, па веќе не го чувствувам предизвикот да глумам. Работам секој ден. Поминувам низ фризурата и шминката, облекувам чевли и влегувам во карактерот. Ќе биде интересно да се види што ќе играм следно“, рече тој во една прилика.
Актерката Обри Андерсон-Емонс (17), која се прослави со улогата на Лили во „Модерното семејство“, која се емитуваше од 2009 до 2020 година, имаше само четири години кога почна да ја игра оваа улога.
Таа сега вреди 6 милиони долари, исто колку и Армитаџ. Нејзината плата по епизода првично беше 35.000 долари (околу 33 илјади евра), но по 2018 година се зголеми на 70.000 долари (околу 66 илјади евра) по епизода.
„Искрено, само по тоа сум позната. Луѓето често ме препознаваат. Тие велат: „Чекај, дали ти си тоа девојче од Модерното семејство? „Тоа е чудно. Дефинитивно понекогаш влијае на мојот секојдневен живот“, изјави.
Текстот Тежат по шест милиони долари – кои се најбогатите деца актери во светот е превземен од МАКФАКС.