Maкедонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум против Жалгирис ќе ја започне својата прва авантура во Лигата на шампионите.
Стружани за два дена гостуваат во Литванија, додека патникот за второто коло се очекува да се решава на реваншот кој ќе се одигра во Охрид. По тој повод раководството на македонскиот клуб ја одреди цената на билетот за дуелот на „Билјанини Извори“.
Еден билет за овој натпревар ќе чини 1.200 денари, но клубот подготви два подароци за секој оној кој ќе биде на трибините во Охрид. Секој навивач ќе добие маичка изработена специјално за овој натпревар, но и сезонски билет за сите домашни натпревари на Струга ТЉ во новата сезона.
Натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Жалгирис се игра на 18 јули со почеток од 17:00 часот