Финска ќе се приклучи на НАТО во рок од неколку дена по одлуката на Турција да го ратификува нејзиниот пристап во западната одбранбена алијанса, рече на 31 март генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Advertisements

„Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа протоколот за пристап“, рече Столтенберг.

Тој на социјалната мрежа Твитер напиша дека му честитал на претседателот на Финска Саули Ниинисто за завршувањето на како што вели историската ратификација на пристапувањето на Финска.

„Со нетрпение очекувам да го подигнам знамето на Финска во седиштето на НАТО во наредните денови. Заедно сме посилни и побезбедни“, напиша Столтенберг на Твитер.

Прикажи повеќе